10.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025

Дрејпер ги израдува Британците, Ѓоковиќ ќе биде дури шести носител на Вимблдон

Британецот Џек Дрејпер се пласираше во полуфиналето на турнирот во Квинс, во родниот Лондон, и тоа му донесе доволно поени за од понеделник да се искачи на четвртото место на АТП листата и да ги прескокне Тејлор Фриц и Новак Ѓоковиќ.

Ова значи дека Дрејпер ќе биде четврти носител на претстојниот гренслем Вимблдон кој како и во Квинс се игра на тревната подлога, а Ѓоковиќ кој е меѓу главните фаворити за титулата, ќе биде шести носител и постои опасност при ждрепката да налета на Јаник Синер или Карлос Алкараз уште во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести