Дресот кој го носеше Марадона со „божјата рака“ продаден по рекордна цена (ФОТО)

Дресот на Диего Армандо Марадона кој што го носеше кога го постигна голот со рака против Англија во четврт-финалето на СП во 1986, е продаден по рекордна сума од осум милиони евра.

На аукцијата која што траеше изминативе две недели во Лондон, овој дрес стана најскапиот во историјата на спортот, откако убедливо го надмина дресот на бејзбол играчот Рут Бејб за кој што беа платени околу пет милиони евра.

На јавноста сè уште не е познато кој е купувачот на дресот, додека во игра се шпекулираат и неколку познати фудбалски имиња од оваа држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести