Дресот на Икарди за следната сезона почна да се продава и не е сино-црн! (Фото)

Сагата околу иднината на Мауро Икарди во Интер уште не е завршена. Денеска се појавија информации дека аргентинскиот голгетер дал листа со неколку услови кои треба да ги исполнат од Интер, за да може Икарди повторно да се врати на теренот во дресот на „нераѕурите“.

Целата ситуација започна откако на Икарди му беше одземена капитенската лента, а потоа тој одби да игра. Официјално од Интер велеа дека играчот е повреден, но тренерот на Интер, Лучано Спалети потврди дека Икарди е здрав и подготвен, но едноставно не сака да игра.

Икарди преку своите адвокати им порачал на челниците на Интер, тие „јавно да го рехабилитираат неговиот имиџ“ и да откријат зошто му е одземена капитенската лента. во изминативе неколку дена се шпекулира дека Икарди веќе започнал да бара нов клуб, а како најсериозна опција е заминување во Јувентус.

Иако нема официјално ништо околу трансферот на Икарди во Јувентус, на пазарот во Италија веќе започна да се продава дрес на Јувентус со бројот 9, на кој пишува Икарди.

- Оглас -

Најнови вести