Дресот на Меси со кој го постигна 500-от гол во Барселона продаден за неверојатно висока сума

Лионел Меси е вистински бог во Барселона, иако тој во моментов не настапува за овој тим.

Аргентинецот кој со сигурност е еден од најдобрите во историјата на овој тим, ако не и најдобар фудбалер, минатото лето ја напушти Каталонија и замина во Париз. Но, и покрај тоа, Меси навивачите на овој клуб не штедат пари за некој сувенир.

Дресот кој што го носеше Меси на мечот против Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе во победата од 3:2, кога го соблече и го држеше дресот во своите раце, е продаден на акцуија.

Аргентинецот на таа средба го постигна 500-от гол за Барса, додека неговата цена на аукцијата достигна неверојатни 427.680 илјади евра.

Новиот сопственик кој што на оваа онлајн аукција беше под името „anishfutbol“, изјави.

„Легендарниоит дрес доаѓа во мојата колекција, навистина сум среќен и задоволен и не ми е криво за ниту едно евро кое што го потрошив“.

- Оглас -

Најнови вести