Дресот на најголемиот заводник во историјата на НБА-лигата продаден за 4,9 милиони долари

Дрес на Лос Анџелес лејкерс кој за време на финалната серија во 1972 година го носеше легендарниот центар Вилт Чембрлен е продаден на аукција за 4,9 милиони долари, објави аукциската куќа Сотбис.

ЛА лејкерс во големото финале во 1972 година со 4-1 во победи го совлада Њујорк никс, а Чембрлен во последниот петти меч имаше учинок од 24 поени, 29 скока и по осум асистенции и блокади, иако играше со повреда на десната рака.

Чембрлен професионалната кариера ја започна во 1958 година и притоа одигра 1.045 натпревари и постигна 31.419 поени.

Тој просечно постигнуваше по 30,1 поен, 22,9 поени и 4,4 асистенции по натпревар, а двапати ја освои шампионската титула, четирипати беше МВП на регуларниот дел од сезоната и еднаш во финалната серија.

Освен што е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и е единствен кој на натпревар во НБА-лигата постигнал 100 поени, тој се смета и за најголем заводник. Во неговата автобиографска книга „Поглед од горе“ тврди дека спиел со 20.000 жени.

Тој почина во октомври 1999 година.

 

- Оглас -

Најнови вести