Дресот на Њукасл ги шокира навивачите, личи како да е на Саудиска Арабија

Славниот англиски клуб Њукасл ги претстави дресовите за наредната сезона, а меѓу нив е и гарнитурата со зелена боја, која предизвика многу реакции кај навивачите.

Њукасл пред неколку месеци доби нов сопственик, а тоа е саудискиот принц Мохамед бин Салман и сега е најбогатиот фудбалски клуб во светот. Со доаѓањето на Бин Салман, веднаш се забележаа подобри резултати на екипата.

Њукасл, кој беше во опасност да испадне, на крајот лесно се справи и избега од опасната зона, а сега фокусот за новата сезона ќе биде борба за места кои водат во Лигата на шампионите.

Според многумина навивачи на Њукасл, зелениот дрес многу потсетува на репрезентативниот дрес на Саудиска Арабија. Фановите се разочараи и за тоа што амблемот на клубот, кој е во традиционалните нивни црно-бели бои, сега е во зелена боја.

- Оглас -

Најнови вести