27.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Дресот на Сон се продава повеќе од тие на Меси и Леброн Џејмс

Дресот на Лионел Меси од Интер Мајами долго време беше најпродаван дрес во САД, но тоа веќе не е случај.

Сега на врвот се најде Хеунг-мин Сон, фудбалерот од Јужна Кореја кој дојде во Лос Анџелес ФК од Тотенхем.

Напаѓачот ги надмина сите спортисти кои играат во САД, не само Лионел Меси, туку и НБА ѕвездите како Леброн Џејмс и Стеф Кари. Веднаш по пристигнувањето во Калифорнија, дресовите со името и бројот на Јужнокореецот станаа вистински хит.

Сон брзо стана лидер и веќе втора недела неговиот дрес е број 1 не само во МЛС лигата, туку во кој било спорт во моментов. Ова е веројатно само моментна еуфорија и се очекува после некое време Меси и Џејмс да се вратат на врвот на листата.

 

- Оглас -

Најнови вести