Македонскиот голман Столе Димитриевски беше како октопод, ги одбрани сите шутеви кон неговиот гол на гостувањето кај Белгија, а имаше и тешки шутеви за бранење, но покажа дека е врвен чувар на мрежа, нешто што не сака да го види тренерот на неговата Валенсија.
После ѕверската партија против Белгија, Столе имаше разговор со белгискиот голман Тибо Куртоа, но не го размени дресот со него, туку отиде кај трибината каде што беше Фалангата и им го подари на фановите на кои овој сувенир сигурно многу ќе им значи и ќе ги сеќава на супер партијата на Столе.