16.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Дресови или одбојкарска топка? Јувентус ја претстави третата гарнитура дресови (Фото)

Јувентус официјално ја претстави својата трета гарнитура на дресови за претстојната сезона. Играчите од првиот тим на Јуве уште денеска ќе се појават во вакви дресови, на пријателскиот меч против У-23 тимот на Јуве.

Од клубот и производителот „Адидас“ објаснуваат дека белата боја ја означува светлата иднина, додека жолтата и сината се посветени на периодот кога Јувентус во 90-тите години од минатиот век освојуваше трофеи токму кога носеше таква комбинација.

Но, фановите не се среќни. Има коментари од типот дека дресовите се купени од „Лидл“ и дека личат на одбојкарска топка.

 

- Оглас -

Најнови вести