Родриго Гоес и Филипе Кутињо се двајцата фудбалери кои ги претставија новите дресови на Бразил со кои ќе играат на претстојното Светско првенство во Катар.
Дизајните изгледаат фанстастично, како домашниот така и гостинскиот дрес. Запазени се доста детали, како на пример: копчето кое наликува на бразилското знаме.
https://twitter.com/brfootball/status/1557017392336830472
Мундијалот во Катар ќе биде 22-ро издание на планетарниот фудбалски собир, стартува на 21 ноември и ќе се игра до 18 декември. Бразил е најтрофејна селекција во ова натпреварување со пет титули, а походот кон шестата титула ќе го почне од групата Г, против Србија, Камерун и Швајцарија.