22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Дресовите на Меси од СП во Катар сепак не се најскапи спортски предмети продадени на аукција

Шесте дреса од репрезентацијата на Аргентина кои Лионел Меси ги носеше на Светското првенство од минатата година во Катар и на кое Гаучосите станаа светски шампиони денеска се продадени на аукција за 7,8 милиони долари, објави аукциската куќа „Сотби“, која не го откри идентитетот на купувачот.

Конечната цена на дресовите кои Меси ги носеше во првото полувреме на сите натпревари на СП е најголема за продаден спортски предмет во оваа година, стои во соопштението на „Сотби“.

Меси дресовите ги носеше на дуелите против Саудиска Арабија, Мексико, Австралија, Холандија, Хрватска и Франција.

Пред да започне онлајн акцијата, дресовите две недели беа изложени во седиштето на „Сотби“ во Њујорк.

Сумата од 7,8 милиони долари не е најголема за продаден спортски предмет во историјата, рекордот го држи дресот на Мајкл Џордан од финалето во НБА-лигата од 1998 година. Тој дрес минатата година беше продаден за 10,1 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести