Југоносталгичарите, особено љубителите на фудбалот, уште жалат што некогашна Југославија поради санкциите не играше на Европското првенство во 1992 година, иако имаше силен тим кој ќе се бореше за титулата. На местото на Југославија, на ЕП влезе Данска и Данците станаа континентални прваци, а интересно е што производителот на спортска опрема, „Адидас“, веќе имал изработено дресови со кои Југославија требаше да игра на Европското првенство во Шведска и тие дресови завршиле кај мали ирски клубови.
На „Адидас“ му останале вишок дресови, но бидејќи фабриката на германската компанија била во ирскиот град Корк, проблемот е решен со тоа што локалниот клуб Лидс од Корк купил мали броеви од југословенските дресови за својот јуниорски состав, па ирските момчиња таа сезона носеле дресови со грбот на Југославија.
Што се однесува до големите броеви, ниту тие дресови не пропаднаа целосно. Една количина замина во друг локален клуб, Каслнок Селтик.