Лион ја победи Ница со 2:0, а освен погодоци на домаќините, дуелот ќе се памти и по мајсторијата на Лукас Пакета.
Бразилецот во една ситуација се најде опкружен со тројца противнички фудбалери, но со еден потег успеа да се ослободи, и тоа на фантастичен начин.
https://twitter.com/i/status/1492932836415791105
Пакета во Европа дојде пред три години, кога Милан за него му плати 38 милиони евра на Фламенго. На „Сан Сиро“ не се прослави, па пред една и пол година реши да го облече дресот на Олимпик Лион и игра феноменално. Пакета сега е и стандарден член на бразилската репрезентација.