Дриблингот од 2017 година се уште е хит, утре ќе биде главна закана за Македонија (Видео)

Да се сопре Ѓорѓи Чакветаѕе ќе биде главната задача пред се на одбраната на македонската репрезентација, утре против Грузија на дуелот од второто коло во Ц сегментот од второто издание на Лигата на Нации.

Младиот офанзивен играч за врска на Грузијците е и еден од најголемите таленти во Европа во неговата класа, односно генерацијата на фудбалери до 21 година.

Чакветаѕе моментно е член на белгиски Гент, вреди околу 6 милиони евра, а токму толку понуди Вест Хем за да го ангажира грузискиот бисер од Црното море.

Чакветаѕе со 4 гола е и најдобар стрелец на грузиската репрезентација во премиерниот циклус на Лигата на Нации што не е завршен, а се надеваме дека ќе заврши со победа на Македонија, токму против Чакветаѕе и Грузија во финалето што е сосема можно, ако Македонија го победи Косово во октомври, а Грузија ја надигра Белорусија, во двете полуфиналиња од Д сегментот што треба да се доиграат.

Тие дуели се многу поважни од утрешниот во рамките на второто издание на Лигата на Нации, но за Македонија би било одлично со победа во Тбилиси утре од 18 часот да им најави на Грузијците дека сме главни фаворити за пат на Европското првенство што ќе се игра следната година.

Интересно е што Чаквтеаѕе моментно е и најскапиот репрезентативец на Грузија, со проценета вредност од околу шест милиони евра, а момчето од Тбилиси со атрактивниот стил на игра оддамна го привлече вниманието на европските гиганти.

Во 2018 година Тотенхем се обиде да го ангажира, интерес потоа за него имаше и од шпанскиот гигант Барселона. Се работи за одличен техничар и вешт дриблер, а потегот што го направи Чакветаѕе на мечот со Португалија во дуелот на селекциите до 19 години се уште е хит на социјалните мрежи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести