Манчестер јунајтед победи со 0-3 на гостувањето кај Атлетик Билбао во првиот полуфинален натпревар од Лига Европа. Стрелци за Црвените ѓаволи беа Касемиро во 30-тата минута, Бруно Фернандеш од пенал во 37-та минута и повторно Фернандеш од игра во 45-та минута.
Сепак, јунакот беше Хари Мегваер, не беше само за Манчестер Јунајтед, туку и на целата европска фудбалска вечер – играч кој со години беше предмет на критики и потсмев. Тој во летото 2019 година пристигна од Лестер за 87 милиони евра, со што стана најскап дефанзивец во историјата. Но токму таа цена го направи цел на критики – секоја негова грешка беше под лупа.
Мегваер беше исмеван од навивачи и новинари, добиваше закани по живот, ја загуби капитенската лента, а клубот се обидуваше да го продаде.
Harry Maguire, I am stood up applauding. pic.twitter.com/W18RSJRwuN
— han (@unitedhan) May 1, 2025
Но, сега, исмеваниот дефанзивец стана вистински херој – дури и во офанзивен смисол.
Пред две недели, во еден од најлудите натпревари од европските купови, му донесе победа на Манчестер јунајтед против Лион во четвртфиналето од Лигата на Европа. Асистираше и постигна гол во судиското надополнување на продолженијата, за победа од 5-4, иако Јунајтед губеше и со 2-4.
Две недели по тој спектакл, Мегваер ја шокираше публиката на „Сан Мамес“ со потег достоен за врвни техничари. При првиот гол за Манчестер јунајтед, тој со два дриблинзи во стилот на Роналдињо или Јамал го остави зад себе Јаурегизар, па од десната страна маестрално центрираше. Мануел Угарте ја продолжи топката со глава до Касемиро, кој ја смести во мрежата.
🎙 | Harry Maguire told that he's being called Harrydinho on social media:
— Chris (@COWRN2) May 1, 2025
"Brilliant… I'm sure there's a few nicknames out there for me. But the win was more important."
[TNT] pic.twitter.com/2mrbsPdkQM
По натпреварот, навивачите на социјалните мрежи го нарекоа „Харидињо“, истакнувајќи дека направил потег во стилот на Роналдињо. Насмеан, Мегваер прокоментира:
„Брилијантно. Сигурен сум дека кружат неколку прекари за мене, но најважно е дека победивме.“