Иго не успеа како Ига – Тим едвај го победи сензационалниот Гастон (Видео)

Иго Гастон не успеа да го повтори подвигот на Ига Свјатек и во маратонски меч, со прекрасна партија тенис се прости од најубавата авантура во кариерата по поразот од 2:3 на Ролан Гарос против Доминик Тим.

Осминафиналето меѓу големиот фаворит и двоен финалист на последните две изданија на турнирот и 20-годишната сензација од Франција не ветуваше многу возбудување по стартните два сета.

Тим поведе со 2:0 откако ги доби двата сета со по 6:4, но потоа почна драмата. Гастон, кој има само 20 години и пред настапот на Ролан Гарос немаше одиграно меч на АТП-турнирите, се врати на сензационален начин.

Рангиран како 239-ти тенисер на светот не се исплаши од елиминација, ниту од третиот носител Тим и ги доби следните два сета со 7:5, 6:3 израмни на 2:2 и најави нова сензација. Тој е првиот тенисер по 18 години што е над 200-тото место на АТП-листата, а играл во осминафинале на гренслем-турнир.

https://twitter.com/rolandgarros/status/1312766942693003268?s=20

Сепак, за комплетна сензација, каква што денеска приреди Ига Свјатек од Полска со елиминацијата на Симона Халеп, немаше сили. Гастон го загуби последниот сет со 3:6 и се прости од настапот на турнирот на кој најави блескава тениска иднина.

Тим се извади и ќе мора да игра многу подобро против Шварцман во четвртфиналето, ако сака трето финале по ред на Ролан Гарос. Во претходните два меча за титулата Австриецот губеше од Рафаел Надал.

 

 

- Оглас -

Најнови вести