Лос Анџелес лејкерс летоска во своите редови донесе неколку ѕвезди, покрај тоа, Леброн Џејмс е здрав и во форма, но иако ги сметаат за фаворити за титулата во НБА-лигата, Езерџиите никого не можат да победат во подготвителниот период. Лејкерс има шест порази на шест меча откако синоќа загуби од Сакраменто кингс со 112-116.
Не помогнаа ниту 30-те поени на Џејмс и дабл-дабл ефектот на Ентони Дејвис од 14 поени и 12 скока, Расел Вестбрук заврши со 18 поени, а Кармело Ентони како резерва придонесе со 15 поени. Тренерот Френк Вогел засега не може да ја најде добитната комбинација, Лејкерс од 2012 година немале претсезона без победа, но нема паника во тимот, сите се свесни дека ќе треба малку време за работите да се постават на вистинско место.