Дрим-тимот на Шек е несовладлив

Легендата на НБА Шекил О’нил, го состави својот дрим-тим кој според него не постои екипа која би можела да победи во плејоф серија од седум натпревари.

Четирикратниот шампион во петорката од поранешни и сегашни играчи се стави себе на позицијата центар, Ален Ајверсон и Коби Брајант му се бекови, крило е Мајкл Џордан, додека како крилен центар го стави Леброн Џејмс.

„Воопшто не ме засега што мислите околу мојот избор. Јас сум сигурен дека оваа петорка од никого не би загубила во серија од седум натпревари“, истакна популарниот Шек.

Светски познатите кошаркари кои ги избра О’нил меѓу себе делат вкупно 19 шампионски прстени, од кои само Ајверсон се нема закитено со титула во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести