Дроби моќно како Чекан, сега може да бира дали ќе биде Крал, Светец или Црвен ѓавол

Џеси Лингард направи вистински фудбалски бум и од играч во длабока сенка на клупата на Манчестер јунајтед само за два и пол месеци се претвори во еден од најбараните играчи во Премиер лигата.

Пристигна во Вест хем како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед и со серија фантастилни игри го сврте вниманието на фудбалските великани.

Постигна 8 гола на девет меча за Чеканите, кои сакаат да го задржат со перманентен договор, а имаат и големи шанси да го сторат тоа ако успеат да играат во Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед веднаш реагираше и по неколку блескави партии фудбал на Лингард објавија дека ќе го вратат ова лето и ќе му направат простор многу повеќе да игра.

Но, сега ќе се почитува и желбата на Џеси, кој игра феноменално, а може да остане Чекан, може да биде и Крал бидејќи шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид е заинтересиран за него, а веројатно ќе има шанса да ја разгледа понудата на ПСЖ за да биде еден од фудбалските Светци од Париз.

Во Италија најавуваат дека и Интер и Јувентус се заинтересирани за англискиот репрезентативец, па за Лингард 2021 година ќе биде најслатката на фудбалски план во досегашната кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести