Дидие Дрогба, некогашната ѕвезда на Челзи и Олимпик Марсеј, како и долгогодишен репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, потврди дека се разведува со сопругата Лала Дијаките.
„Обично не коментирам за мојот приватен живот, но не сакам да се шират лажни вести и шпекулации, па затоа потврдувам дека, за жал, по 20 години, со Лала минатата година донесовме тешка одлука да се разделиме“, напиша Дрогба на социјалните мрежи.
Неодамна се појави интимна снимка на која Дрогба и една непозната жена лежат разголени во кревет, таа го гризе 42-годишниот Дидие по рамото, по што тој вриснува и на француски јазик вели дека таа е позитивна на кКовид-19 и со гризнувањето сака да му пренесе корона-вирус.
Дроба во 2018 година ја заврши играчката кариера, а со Лала, со која речиси десет години беше во брак, имаат три деца.
https://www.youtube.com/watch?v=hAP81t4cW3A&feature=emb_logo