Дрогба застана во одбрана на Мурињо: Како може „мојот татко“ да биде расист?

Дербито меѓу Галатасарај и Фенербахче заврши без голови, а и покрај тоа што мрежите мируваа, возбудувањата не фалеа. Повторно во главна улога е тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој по завршување на средбата даде изјава која предизвика многу реакции.

„Скокаа како мајмуни на секоја судиска одлука“, рече Мурињо за реакциите на таборот на Галатасарај. Од Галатасарај најавија дека ќе го пријават Мурињо во ФИФА и УЕФА и ќе бараат суспензија за португалскиот тренер.

За целиот случај, со реакција се јави некогашниот голгетер Дидие Дрогба. Иако Дрогба е поранешен фудбалер на Галатасарај, тој застана во одбрана на Мурињо, тренер со кој имаше одлична соработка во тимот на Челзи.

„Знаете колку бев горд што го носев жолто-црвениот дрес и колку го сакам најтрофејниот клуб во Турција! Сите знаеме колку може да бидат страсни и жестоки ривалства, а јас имав доволно среќа да го доживеам тоа. Ги видов неодамнешните коментари за Жозе Мурињо. Верувај ми кога ќе ти кажам дека го познавам Хозе веќе многу години и тој не е расист, а историјата (минатата и неодамнешната) е тука за да го докаже тоа. Да се ​​фокусираме на нашите игри, да ги поддржиме нашите големи лавови и да ја освоиме лигата за да се доближиме до нашата 5-та ѕвезда. Како може мојот „татко“ да биде расист. Ајде луѓе“, беше реакцијата на Дрогба.

По ова реми, Галатасарај ја задржа предноста од шест бодови во однос на Фенербахче на табелата во турското првенство. Галатасарај е тимот кој доминира во Турција во последните неколку сезони, а Фенербахче го чека првиот шампионски пехар уште од сезоната 2013/14.

- Оглас -

Најнови вести