Дрон направи хаос на тренингот на Бразил, се вклучи полицијата (Видео)

Петркатниот светски фудбалски првак Бразил ги прави последните подготовки пред дуелите од квалификациите за пласман на плантераниот собир во 2026 година. Бразил најпрво ќе игра против Колумбија, а потоа е и големото дерби против Аргентина.

Последниот тренинг кој го имаа Кариоките беше прекинат откако над теренот се појави дрон. Леталото предизвика паника, тренингот беше прекинат, а веднаш се вклучи обезбедувањето, но и полицијата, да го најдат престапникот.

Сомнежот беше дека постои шпионска акција на Колумбија да го следи тренингот на Бразил, но на крајот се покажа дека се работи за момче кое едноставно сакал да види како изгледа тренингот на неговата репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести