Неверојатни сцени се случуваа на тенискиот дуел помеѓу Унгарката Амариса Киара Тот (548-ма на ВТА листата и на турнирот влезе со вајлд-карта) и 45-тата на светот, Шуаи Џанг од Кина, на турнирот во Будимпешта.
Кинеската тенисерка требаше да освои поен бидејќи топчето заврши на самата линија, но судиите досудија аут. Да биде работата уште понепријатна, домашната тенисерка со нога го избриша отпечатокот.
https://twitter.com/i/status/1681409835819225088
Револтираната Џанг не можеше да се помири го губење на поенот кој таа реално требаше да го освои, па доби напад на паника, почна да плаче, и одлучи да го предаде мечот кој ќе остане запаметен како крајно неспортски, а Тот дури и се радуваше на ваквата нефер победа.
Целата ситуација може да ја погледнете ТУКА.