Другите џабе ќе се „трудат“, веќе го имаме победникот за фудбалска утка на годината (Видео)

Фудбалерот на Лехија Гдањск, Михал Налепа, стана ѕвезда на интернет, откако синоќа се прослави на неславен начин, со неверојатна утка на мечот на неговиот тим против Корона.

Лехија губеше со 0-1, а во 92-ра минута Налепа се најде во ситуација да даде гол и на својот тим да му донесе бод. Уште 1.000 пати да се обиде, би дал 1.000 гола, но не и синоќа, кога ја утна топката и се сплетка, наместо да ја забие во мрежа.

- Оглас -

Најнови вести