Фудбалскиот клуб Партизан од државата доби голема финансиска помош за учество во Европа следната сезона. Преку фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), на сметката на црно-белите биле уплатени 3,2 милиони евра, пишува српски „Журнал“.
Благодарение на овие пари, Партизан го помина мониторингот на УЕФА во врска со долговите. Сепак, со оваа сума не е изгаснат „финансискиот пожар“, затоа што останува „дупката“ од пет милиони евра кои ќе треба да се подмират.
Комисијата за лиценцирање на клубовите при ФСС е под мониторинг на УЕФА и има обрска да издаде иили одбие лиценца на сите оние српски клубови кои сакаат да играат на европската сцена.