22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Дуа Липа го шокирала Галатасарај со сумата која ја побарала за да пее на нивната прослава на титула

Една од најпопуларните светски пејачки, Британката со косовско потекло Дуа Липа, побарала дури 3,5 милиони долари за да настапи на прославата на фудбалскиот клуб Галатасарај по повод освоената титула во турската лига.

Менаџментот на клубот бил шокиран, не очекувале вакво нешто, па се откажале од идејата и решиле за забавата на 25-ти мај да се погрижат локални турски уметници.

Инаку, стадионот на Галатасарај е премал за да ги собере сите кои сакаат да слават и затоа прославата со огномети, музика и други изненадувања ќе се одржи во Јеникапи паркот во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести