Британската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, ги налути фановите на Ливерпул и тоа баш пред дербито со Арсенал в недела, откако објави фотографија замотана во шал на Топчиите и фотографија на која пишува „Лондон е црвен“ со јасна асоцијација дека Арсенал е најдобар во главниот град на Велика Британија.
Дуа досега се изјаснуваше како навивачка на Ливерпул, фановите на Црвените на стадион пејат и една нејзина песна, но изгледа пејачката тргна по стапките на нејзините татко и брат кои цел живот навиваат за Арсенал.
Арсенал е лидер на Премиер лигата, сезонава е „популарно“ да се навива за овој тим, па и Дуа изгледа тргна по патот на „сончогледите“.