-1.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Дубаи го изненади Фенербахче

Кошаркарите на Дубаи приредија големо изненадување во Евролигата, откако на домашен терен го совладаа актуелниот европски шампион Фенербахче со 92-81 во на 21-то коло.

Турскиот тим тешко влезе во ритам уште од самиот старт, што домаќините умешно го искористија и постепено ја зголемуваа предноста, држејќи ја контролата врз натпреварот до самиот крај.

Највозбудливо беше на почетокот од последната четвртина, кога Фенербахче успеа да намали на само четири поени негатива, но серијата 5-0 на Дубаи брзо ги урна надежите на гостите за пресврт.

Рајт беше прво име кај победничкиот состав со 22 поени, додека Камењаш блесна со дабл-дабл ефект од 20 поени и 15 скока.


Во редовите на Фенербахче, Болдвин постигна 21 поен.

- Оглас -

Најнови вести