Дубаи ќе почека за прв фајналфор во Евролигата, Каунас, па Берлин ќе бидат домаќини во овој и следниот циклус

Дубаи ќе почека за да добие организација на фајналфор турнир во Евролигата, а раководството на најдоброто европско кошаркарско натпреварување одлучи Каунас и Берлин да бидат домаќини во овој и во следниот циклус.

Во 2023 година, од 19 до 21 мај Каунас ќе го организира спектаклот со четирите најдобри тима во „Жалгирио арената“.

Иако беше неизвесно дали Литванците ќе успеат да организираат ваков турнир, сепак дилемите се разрешени и Каунас ќе биде домаќин во овој циклус на Евролигата.

Следното издание за сезоната 2023/24 фајналфорот ќе го организираат Германците во „Мерцедес-Бенц арената“ во Берлин.

Во салата што е дома на Алба ќе играат четирите најдобри екипи од следниот циклус во битка за титулата европски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести