-7.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Дубаи ретко губи на домашен терен, но денес е голем аутсајдер против бранителот на трофејот (Фото)

Дубаи оваа сезона игра одлично на домашен терен, а загуби само двапати и тоа на натпревари на кои може да се каже дека беше само условно домаќин. Двете израелски екипи, Хапоел и Макаби го победија Дубаи како гости, но едниот меч се играше во Сараево без публика, а вториот иако беше во „Кока кола арената“, сепак беше затворен за јавноста.

Попладнево дебитантот во Евролигата го пречекува актуелниот бранител на титулата, Фенербахче, а квотата во Sport Life е фантастична. Дубаи има квота за победа од 2.60, додека триумф за екипата од Истанбул има квота од 1.61.

Воедно, ова е единствениот меч во денешната програма на кој се очекува триумф на гостите, на останатите три фаворити се домашните екипи.

Во богатата евролигашка понуда на Sport Life има и 50-тина кошаркари со најпопуларната игра меѓу играчите – „плус-минус“ на поени, скокови и асистенции. Комплетната понуда може да ја најдете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести