Димитри Паје постигна гол за Олимпик Марсеј на дербито со Лион, но само 180 секунди подоцна направи голема глупост со брутален старт над Лео Дубоа, па вистинско чудо и среќа за десниот бек на домаќините е што мина без потешка повреда.
https://twitter.com/TheFS_Live/status/1312835760433762304?s=20
Без некоја посебна причина, Паје стартуваше со ѓон директно на ногата на Дубоа и заслужено беше исклучен во 19-тата минута, откако само три минути претходно му донесе предност на својот тим.
https://twitter.com/David54639372/status/1312834754585284608?s=20
Неполни 10 минути по бруталниот старт на Паје, Лион успеа да израмни од пенал, а стрелец беше Орие.