Дуел меѓу Торонто и Бостон е гаранција за полни мрежи

Торонто мејпл лифс – Бостон бруинс (01ч – НХЛ лига)

Овие две екипи минатата сезона приредија супер-интересна рунда во разигрувањата, а Бостон во мајсторката славеше со убедливи 5-1 и така им започна походот до големото финале. Затоа Торонто ноќеска ќе сака да се реваншира, иако се работи за дуел во раната фаза од регуларната сезона.

Нивното ривалство трае веќе со години, кога и да се сретнат Торонто и Бостон тоа е гаранција за ефикасен меч полн со погодоци. Впрочем, само на еден меч од последните 10 меѓусебни не се постигнале повеќе од пет или повеќе гола. Се надеваме дека ноќеска двете екипи ќе бидат расположени да ги тресат мрежите, па така да го оправдаат епитетот дерби на денот.

Предлог тип: >6,5 голови (2.10)

 

Питсбург пингвинс – Вегас голден најтс (01ч – НХЛ лига)

Питсбург е во одлична форма, бележи пет победи во низа и се чини дека планот на Пингвините е да се одржи победничката атмосфера. Сепак, во нивниот дом гостува исто така опасен тим, четвртопласираниот Вегас од Западната конференција. Златните витези имаат пет победи досега, но и три порази, но на хартија се благи фаворити и веруваат дека може да дојдат до позитивен резултат во Пистбург.

Овие две екипи досега четири пати ги одмериле силите, а токму по овој меч една од нив ќе поведе во меѓусебниот учинок бидејќи поделија по две победи. Ако се земат во предвид тие четири меча, редовно победува домаќинот, затоа ќе типуваме триумф на Пингвините, иако традицијата некогаш знае да потфрли.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

Тампа беј лајтнинг – Колорадо аваланш (01ч – НХЛ лига)

Тампа беј речиси цела мината сезона ја држеше лидерската позиција во Источната конференција, но потфрлија во разигрувањата иако беа меѓу фаворитите за Стенли купот. Оваа сезона играат разнишано, учинокот им е 4-3, но врзаа два триумфи и новата цел е да се продолжи таа форма.

На Грмотевиците им гостува разиграниот тим на Колорадо, кој досега загуби само еден меч и тоа на продолженија, додека останатите шест меча ги добија речиси без поголеми проблеми. Меѓутоа, ги плаши меѓусебниот учинок против Тампа, ги загубија последните пет меѓусебни средби, па затоа според квотите Лајтнинг се големи фаворити.

Предлог тип: 1-1 (2.90)

 

Лос Анџелес кингс – Калгари флејмс (04ч – НХЛ лига)

Калгари треба да ја искористи мини-кризата на Кралевите со цел да се наметне меѓу водечките екипи на Западот. Флејмс минатата сезона се навикнаа да бидат лидери, затоа се очекува гостите да слават во Калифорнија, поготово што полека градат форма со двата добиени меча по ред против Детроит и Филаделфија.

Она што го загрижува Калгари е што оваа сезона лесно прима голови, дадоа 23, а дозволија 22 во својата мрежа. Иако е тешко на гости да се сочува мрежа, Кингс имаат проблеми со ефикасноста па затоа може да се очекува убедлива победа на Калгари.

Предлог тип: 2 (2.15)

- Оглас -

Најнови вести