Екипите на Веспрем и ПСЖ се последните четвртфиналисти во ракометната Лига на шампиони откако ги елиминираа ПИК Сегед, односно Висла Плок. Со тоа е комплетирано осминафиналето и познати се двојките за последната фаза пред финалниот турнир во Келн.
Она што е интересно, во четвртфиналето ќе играат екипите на ПСЖ и Барселона, исто како и во четвртфиналето во фудбалската Лига на шампиони. Сепак, нема да има поклопување во термините, па навивачите на двете екипи ќе може да уживаат во сите натпревари. Фудбалскиот двомеч е на 10 и 16 април, додека ракометарите ќе си ги одмерат силите на 24 април и први мај.
Двојки за четвртфинале на Лигата на шампионите:
Кил – Монпеље
Алборг – Веспрем
Магдебург – Клјеце
Барселона – ПСЖ