Седум НБА-натпревари се играат во полноќниот термин во најсилната кошаркарска лига во светот и стандардно сите ги има во понудата на Sport Life. Во фокусот на вниманието сигурно ќе биде дуелот во Денвер, каде што актуелниот првак е домаќин на Далас.
Далас предводен од Лука Дончиќ е единствениот тим од Западната конференција кој е без пораз сезонава. Денвер има еден пораз, и тоа изненадувачки убедлив со 21 разлика од Минесота.
Дерби ќе се игра и на дното од Западот. Портланд, кој има две победи, е домаќин на Мемфис, кој е единствен тим во целата лига што нема ниту една победа, а одигра пет средби.
Според коефициентите, Мајами е најголем фаворит за победа вечерва, и тоа пред своите навивачи против Вашингтон, а домашниот терен треба да го искористат и Милвоки против Њујорк, како и Чикаго во дуелот со Бруклин.
Освен понудата за натпреварите, тука е и стандардната понуда за „плус-минус“ поени дури на 54-ица кошаркари. Адетокумбо и Лилард треба да бидат предводници на Милвоки. Границата за центарот е 26,5 поени, а за Лилард да биде во плус мора да постигне барем 25 поени.
Донован Мичел од Кливленд е на граница од 32,5 поени, а Лука Дончиќ е на граница од 31,5 поени и тоа се главните двајца за коишто се очекува да одат над 30+ поени.