Барселона и Јувентус ќе играат во пријателки меч во Далас, на стадион кој може да прими 96.000 гледачи. Барселона веќе имаше две успешни контролки победувајќи ги Интер Мајами со 6:0 и Реал Мадрид со 1:0, додека Јувентус со 2:0 ја победи Гвадалахара.
Во изминативе пет години овие две екипи имаат одиграно дури осум средби, дел пријателски, а дел и во Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант има четири победи, Старата дама се радувала двапати, а два дуели завршиле нерешено. Тоа што е карактеристично во овие осум меча е дека дури седум завршиле со НГ комбинација, односно еден од тимовите да не постигне погодок.
Во пресрет на дуелот кој ќе започне во 2:30 часот по полноќ по македонско време, двајцата тренери најавуваат офанзивни формации со тројца во нападот.
Ноќва ќе игра и Реал Мадрид, и тоа против Клуб Америка од Мексико. Дуелот се игра во Лос Анџелес, а Кралскиот клуб е голем фаворит. Клуб Америка во овој контролен период одигра два меча и двата ги загуби со 1:2 од англиските премиерлигаши Манчестер сити и Челзи.