28.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Дуели за влез во групите на ЛШ вечерва ќе се играат во Норвешка, Израел и Португалија (Фото)

Пет натпревари од европските фудбалски купови ќе се одиграат вечерва. Од нив три се од плејофот за пласман во групите на Лигата на шампионите, а два од Конференциската лига.

Според квотите во Sport Life, највозбудливо се очекува да биде на дуелот помеѓу Макаби Хаифа и Јанг бојс. Екипата од Израел е благ фаворит против Швајцарците. Сепак, според синоќешните резултати, сите натпревари се неизвесни, а екипите кои ќе се пласираат во групната фаза со сигурност ќе ги знаеме откако ќе се одиграат реваншите.

Во Конференциската лига вечерва се играат само два натпревари. Интересно се очекува да биде на британскиот дуел помеѓу Хибернијан од Шкотска и премиерлигашот Астон вила. Секако, гостите се големи фаворити на овој дуел.

- Оглас -

Најнови вести