2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Во фокусот се дуелите од Африканскиот куп на нациите и пресметките во Англија

5656 Мароко – Мали (21 ч.)

Мароко е домаќин на Купот на Африканските нации и едноставно тоа е селекција која е главен фаворит за титулата, па, секако, и за победа во дуелот против Мали.

Мароко има феноменална серија од 17 победи и едно реми во последните 18 меча што ги има одиграно. Во последните четири меѓусебни пресметки на овие селекции, Мароко има три победи и едно реми.

Предлог тип: 1&0-3 (2.10)

 

5655 Замбија – Комори (18:30 ч.)

Замбија ремизира во првото коло од Африканскиот куп на нациите, додека Комори загуби. Мизерна е серијата на Замбија, па во последните 14 меча има 11 порази, две нерешени и само една победа.

Комори има четири порази во низа, а во последните 15 средби има девет порази. Комори победи со по 1:0 на последните два меча со Замбија, но, очекувано, тоа се дуели на кои еден момент може да биде решавачки.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.85)

 

1001 Манчестер ј. – Њукасл (21 ч.)

Манчестер и оваа сезона се мачи и игра многу променливо, па во осумте дуели на „Олд Трафорд“ има само четири победи. Тоа што е најчесто гарантирано се погодоците. Њукасл на гости има само една победа.

На последните седум меѓусебни дуели, Њукасл има дури пет победи, а Манчестер се радувал само двапати. Последен пат нерешено било во октомври 2022 година, што значи дека играат без многу калкулации.

Предлог тип: ГГ3+ (1.91)

 

1658 Андерлехт – Шарлроа (20:45 ч.)

Андерлехт е тим кој е во трка за титулата во белгиското првенство, додека за Шарлроа главна мисија ќе биде да не испадне. Убедлив е Андерлехт пред своите навивачи со седум победи, две ремија и само еден пораз.

Кога ќе се погледнат и меѓусебните пресметки на овие два ривала, Андерлехт треба да слави без многу проблеми.

Предлог тип: 1-1&2+ (3.60)

 

1014 Шефилд вензди – Хал (16 ч.)

Шефилд е екипата која е осудена да испадне од Чемпионшип затоа што сезонава доби дури 18 казнени бодови и моментно е на дното со минус од девет бодови и нема шанси да се спаси од пад во понизок ранг.

Од друга страна, Хал има големи амбиции и сигурно ќе се обиде да стигне до целиот плен на ова гостување.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+II (2.80)

- Оглас -

Најнови вести