Почнуваат четвртфиналните пресметки во Лигата на шампионите и тие, секако, се во фокусот на вниманието и во Sport Life, поставени во Квотите на денот. Покрај овие два дуела во Лондон и во Минхен, тука се уште три меча од Чемпионшип.
Првиот предлог е мечот меѓу Дерби и Барнли. Ако гостите не загубат и на мечот бидат постигнати од два до четири гола, квотата на денот е 2.00.
Норвич го пречекува Сандерленд и ако има гол-гол, во првото или во второто полувреме, квотата на денот е 2.30.
Мидлсборо игра против Лидс, и доколку гостите постигнат два гола, од кои еден во првото полувреме, квотата на денот е 2.40.
Баерн Минхен е домаќин на Интер во ЛШ и ако има победник на овој дуел, а истовремено бидат постигнати и најмалку три гола, квотата на денот е 2.30.
Арсенал на „Емирати“ игра против Реал Мадрид и ако двете екипи постигнат гол, а има и најмалку еден гол во првото полувреме, квотата на денот е 2.40.
