Лигата на шампионите е во преден план, а сите четири натпревари се дел од понудата во Квотите на денот. Како дополнување, има и еден фудбалски меч од Шпанија. Вкупната квота на петте предлози изнесува 56.35.
Првиот предлог е пресметката меѓу Феенорд и Интер. Италијанскиот првак е фаворит и доколку не загуби, а двете екипи постигнат најмалку по еден гол, квотата на денот е 2.20.
Расинг Ферол и Бургос играат во Шпанија, а ако има победник и најмалку еден гол во првото полувреме, квотата на денот е 2.25.
ПСЖ и Ливерпул ќе се соочат во големото дерби во Париз и ако има победник, а на натпреварот бидат постигнати од два до четири гола, квотата на денот е 2.30.
Баерн Минхен и Баер Леверкузен ќе играат во германската пресметка во ЛШ, а квотата на денот е 2.20 ако на „Алијанц арената“ двете екипи постигнат гол и има барем по еден гол во двете полувремиња.
Бенфика е домаќин на Барселона и ако има три гола на мечот, од кои еден или два во првото полувреме, тогаш квотата на денот е 2.25.
