5.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Дуелите од најсилните лиги како загревање пред викендот

1001 Лидс – Нотингам форест (21 ч.)

Дуел на два тима кои освоија по 26 бода во 24 меча и моментално се на последните две места кои носат опстанок во Премиер лигата. Лидс игра солидно на свој терен и има само три порази во 12 средби, но и Нотингам знае да е опасен на гости.

Кога играат овие два клуба, најчесто има два или повеќе погодоци, а домаќините сепак ја имаат улогата на фаворит.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.05)

 

1701 Мец – Лил (20:45 ч.)

Лил е во очајна низа и нареди четири порази по ред, па од борба за титулата сега веќе заостанува 16 бода зад лидерот ПСЖ. Крајот на оваа лоша серија Лил ќе ја бара на гости кај Мец, тимот кој е последен на табелата со само 12 бодови.

Мец има катастрофална одбрана и во просек прима повеќе од два гола на средба, но и Лил има слаба одбрана, но и добар напад, па може да се очекува возбудлив дуел со погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.22)

 

3001 Верона – Пиза (20:45 ч.)

Дерби на двете најслаби екипи во Серија А кои освоија само по 14 бода во 23 средби. Овие два тима ги имаат најслабите одбрани и најслабите напади. Но, интересно е дека овие два тима се и експерти за нерешени.

Пиза има рекордни 11 нерешени дуели сезонава, а Верона е со осум ремија, па многу веројатно е да нема победник, како што беше во есенскиот дел, кога резултатот беше 0:0.

Предлог тип: X (3.05)

 

1801 Унион Берлин – Ајнтрахт Франкфурт (20:30 ч.)

Двата тима се во првиот дел од табелата, но и двете немаат победа во првенството во последните пет кола. Унион Берлин есеноска победи во Франкфурт со 4:3 во драматичен меч, а традицијата вели дека треба да има погодоци на двте страни, односно да биде возбудливо.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.04)

 

1301 Селта Виго – Осасуна (21 ч.)

Како ретко кога, Селта во Виго немаше победа во првите осум меча што ги играше пред своите навивачи. Тоа се смени во последните три дуели на домашен терен, кога Селта ги победуваше Атлетик Билбао, Валенсија и Рајо Валјекано, а таа низа сакаат да ја продолжат и против Осасуна.

И традицијата е на страната на Селта, која победи на три од последните четири пресметки со овој ривал.

Предлог тип: 1 (1.98)

 

- Оглас -

Најнови вести