1140 Евертон – Лидс (21 ч.)
Евертон влезе во добар ритам и има само еден пораз во последните пет кола. Карамелите, кои се тим со третата најдобра одбрана, успеаја да го победат и Астон вила на гости, што доволно зборува за формата во која се наоѓаат.
Лидс на гости има освоено само шест бода во 11 меча и ќе биде голем успех за него ако остане непоразен.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.16)
3634 Верона – Удинезе (20:45 ч.)
Голем е притисокот врз Верона, тим кој е во зоната за испаѓање. Тоа е тимот кој е најслаб на домашен терен само со шест бода, па Удинезе ќе се обиде да ќари од оваа ужасна форма на противникот.
Верона го има и најслабиот напад, а и традицијата вели дека кога играат меѓу себе, не треба да се очекуваат многу голови.
Предлог тип: Х2&0-2 (2.05)
1375 Жирона – Хетафе (21 ч.)
Жирона влезе во одлична форма и нареди четири победи во последните пет кола, па избега од опасната зона, каде што сега е Хетафе, кој има пет порази во последните шест кола.
Хетафе е тим кој игра „бункер“ и главна цел му е да не прими гол, а сега ќе биде бонус за гостите да останат непоразени.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.73)
1022 Норвич – Ковентри (21 ч.)
Ковентри е лидер во Чемпионшип, а сега гостува кај тим кој е во опасност дека може да испадне. Норвич игра отворено, па дава, но и прима многу голови. Ковентри го има најдобриот напад во лигата.
Пет од последните шест дуели на овие две екипи завршиле со погодоци во мрежите на двата тима.
Предлог тип: ГГ3+ (1.91)
1545 Порто – Жил Висенте (21:15 ч.)
Порто е тимот со најдобар биланс во цела Европа во главните лиги и има 17 победи и само едно реми, без ниту еден пораз во португалскиот шампионат. Во 18 меча, Порто има само четири примени гола.
Жил Висенте има пет ремија и една победа во последните шест меча и сега е огромен предизвик да се продолжи таа низа кај шампионот.
Предлог тип: 1-1& 2+ (2.45)

