Дуелот меѓу Лилард и Харден најавува шутерско шоу

8392 Портланд трејлблејзерс – Бруклин нетс (03ч)

Бруклин прилично ослабен ќе гостува во Орегон, но на чело со Џејмс Харден ќе сака повторно да влезе во победнички ритам.

Ирвинг поради лични причини не е во тимот на Нетс, подолг период отсуствува Дурант, па затоа се очекува шутерско шоу да приредат Лилард на едната страна и Брадата на другата.

Блејзерси се посилни сега откако во ростерот се врати Си Џеј Меколум, па може да се очекува неизвесна битка до самиот крај, но барем да биде украсена со висок број на поени.

Предлог тип: >232,5 поени (1.91)

 

8362 Њу Орлеанс пеликанс – ЛА лејкерс (00:30ч)

Без Џејмс и Дејвис, тешко дека шампионот ќе може да го надигра младиот состав на Пеликанс, кој пак е во турбулентна форма со два порази во последните пет меча.

Но, ова е шанса за Њу Орлеанс конечно да ја прекине низата порази во меѓусебните дуели против Езерџиите, ако се знае дека се без триумф во претходните седум средби, а последно славеа во февруари 2019 година.

Кај домаќините хендикеп е неиграњето на Лонзо Бол, меѓутоа Пеликаните имаат квалитетни играчи како Зајон Вилијамсон и Брендон Инграм кои знаат како се решава меч.

Предлог тип: 1 (1.51)

 

8364 Њујорк никс – Вашингтон визардс (00:30ч)

Њујорк има две победи во последните пет меча, додека Волшебниците се во уште полоша форма со четири порази и еден триумф, но се чини дека на грбот на Вестбрук и Бил, екипата од Вашингтон ќе ги покори Никси кои во овој меч влегуваат без искусниот Дерик Роуз.

Визардси ќе сакаат да се реваншираат за поразот на домашен терен претпен во првата овосезонска средба против Никс, и воедно да го поправат гостинскиот учинок кој засега им стои на 7-12. Исто така треба да се знае дека Вашингтон ги доби последните три гостувања кај Њујорк, затоа и сега се очекува да победи.

Предлог тип: 2 (2.15)

 

8181 Никола Јокиќ (Орландо меџик – Денвер нагетс, 00ч)

Јокиќ традиционално треба да врзе три меча во кои го надминува својот просек во поени, а токму ноќеска во дуелот против Вучервиќ под обрачите ќе може да го стори тоа откако претходно брилјираше против Њу Орлеанс и Чикаго со 29, односно 34 поени.

Во црногорскиот центар на Орландо, Јокиќ добива адекватен противник во рекетот, што му дава мотивација да го покаже сиот свој квалитет. Ова ќе биде прва овосезонска пресметка на Орландо и Денвер, а треба да се знае дека Нагетси негуваат серија од осум победи против Магичните.

Предлог тип: Јокиќ >26,5 поени (1.87)

 

8464 Џими Батлер (Мајами хит – Феникс санс, 01ч)

Батлер во двата последователни меча против Индијана реализираше под својот просек, но сега во Мајами доаѓа доста поквалитетен противник во Феникс санс, па затоа на Жешките им е потребен Батлер во најдобро можно светло.

Голем дел од теретот паѓа токму на грбот на Батлер, особено што еден од лидерите Горан Драгиќ, не е во натпреварувачки погон. Мајами е во мини-криза од три порази, додека Феникс ги доби претходните два дуели, што е најава за неисвесна битка во која Џими треба да блесне.

Предлог тип: Батлер >22,5 поени (1.87)

- Оглас -

Најнови вести