Дуелот на германските великани заврши со пресврт „еден во два“

Новата сезона во германската втора лига започна во Гелзенкирхен, каде пред повеќе од 20.000 гледачи, Хамбургер со 3:1 го победи домаќинот Шалке 04. Ова беше меч на некогашни германски великани кои сега се дел од Цвајте.

Шалке одлично го започна мечот и поведе со 1:0, а гостите во 28 минута пропуштија шанса да израмнат промашувајќи пенал. И покрај утнатиот удар од белата точка, фудбалерите на Хамбургер продолжија да напаѓаат, а тоа резултираше со израмнување во 53 минута.

Во последните пет минути, Хамбургер даде уште два гола и го комплетираше пресвртот на стадионот на кој немаа победено повеќе од една деценија.

 

- Оглас -

Најнови вести