17.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Дуелот на отпишаните ќе заврши без победник

(1009) Фулам – ВБА (18:30ч)

Фулам и ВБА, заедно со Шефилд и Барнли се четирите екипи кои уште немаат остварено победа во Премиер лигата по шест натпревари. Овие два тима ги отпишаа уште од стартот на сезоната, тие се фаворити за испаѓање од елитата и се чини дека таа прогноза засега е точна.

Фулам има само едно реми со пет порази во шампионатот, ВБА е малку подобар со по три ремија и порази и не се гледа сценарио во кое може едната екипа да ги освои трите бода вечерва. Последните четири меѓусебни дуели завршија без победник, од кои во три меча резултатот беше 1-1, а таа традиција на ремија многу веројатно ќе се продолжи и по вечерашната средба.

Предлог тип: X (3.20)

 

(1010) Лидс јунајтед – Лестер (21ч)

За комплетирање на седмото коло во ПЛ нè очекува возбудлив дуел, со оглед на тоа како Лидс и Лестер играа досега во првенството. Двете екипи имаа свои подеми и падови – Лисиците со помош на Варди против Арсенал прекинаа мини-криза од два порази, додека Лидс ѝ одржа лекција на Астон вила откако во претходните два меча освои само еден бод.

Последен пат овие две екипи се сретнаа во октомври 2017 година, Лестер дома славеше во осминафиналето од Лига купот со 3-1, додека во петте меча претходно Лисиците остварија 2-1 скор меѓу две ремија. И Бјелса и Роџерс маки мачат со бројни отсуства на првотимци, а комбинираните состави се гаранција дека ќе биде весело на „Еланд роуд“.

Предлог тип: ГГ3+ (1.98)

 

(3010) Верона – Беневенто (20:45ч)

Новаците добро се држат по пет кола во Калчото и имаат доволен број бодови да бидат оддалечени од борбата за опстанок. Секако, тоа не треба да се споменува во раната фаза од сезоната, но за Верона и Беневенто многу значи со оглед на тоа дека им се предвидуваа последните позиции.

Верона е во подобра форма од тимот на Пипо Инѕаги, иако нема победа во последните три меча, успеа да освои два бода, додека пак Беневенто е во мини-криза од три порази во кои прими вкупно 11 гола.

Вкупно шестпати се сретнаа овие две екипи во Серија А и Серија Б, во кои Беневенто славеше во три наврати, Верона во два, а само во еден дуел не се издвои победник. Интересно е што кога се издвојува победа, таа е чиста без примен гол, но вечерва можно е да се тресат двете мрежи.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.18)

 

(1809) Хофенхајм – Унион Берлин (20:30ч)

Хофенхајм покажа дека многу зависи од својот најдобар играч Андреј Крамариќ, кој ги пропушти последните два бундеслигашки меча во кои освои само бод. Унион малку се поправи, четири меча е без пораз, но тој веројатно ќе биде претрпен вечерва со оглед на тоа дека против Хофенхајм досега не можеше да се рамни.

Во ланската сезона Хофенхајм го доби лигашкиот двомеч со 4-0 и 2-0, меѓутоа домаќините без Крамариќ многу потешко ја тресат мрежата и токму тоа може да биде спас за екипата од Берлин, но треба да се знае дека Унион уште нема запишано гостински триумф.

Предлог тип: 1 Било кога (1.77)

 

(1310) Вилјареал – Валјадолид (21ч)

Вилјареал фати ритам по дебаклот од Барселона во првото коло. Жолтата подморница кога победува, ја тресе повеќекратно мрежата на противникот, а во две од трите ремија не прими гол. Победите во Лигата на Европа дополнително ја кренаа формата на екипата која ја предводи Унаи Емери, па затоа се претпоставува дека вечерва ќе се оправда фаворитската улога.

Валјадолид заедно со Уеска останаа како единствени екипи без победа во Ла Лига сезонава, па тој се најде во улога на фенерџија по седум меча и само три освоени бода. Вилјареал славеше во три од последните четири средби во кои гостуваше Валјадолид, а последен пораз на домашен терен од оваа екипа претрпе во ноември 2008 година.

Дефинитивно ова е најсигурен „кец“ во денешните Типстерски совети ако се знае дека Вилјареал сезонава има максимален учинок на домашен терен во сите натпреварувања.

Предлог тип: 1 & T1 (2.08)

- Оглас -

Најнови вести