Дуелот на англиските шампиони е голем предизвик да се одигра Спортска прогноза

Ливерпул и Манчестер сити ќе го играат големото дерби на шампионите во Премиер лигата и тој меч од 17.30 часот во недела е во фокусот на 22-рото коло на Спортска прогноза.

Двете екипи ги освојуваа последните три шампионси круни во англиското првенство, а актуелниот првак Ливерпул ќе им биде домаќин на популарните Граѓани на „Енфилд роуд“.

Мечот е многу интересен и поради моментната ситуација во Премиер лигата. Манчестер сити со прекрасна серија од девет победи по ред стигна до врвот на табелата со 47 бода, 7 повеќе од големиот ривал, но има и меч помалку, па ако Ливерпул загуби речиси сигурно ќе се прости од титулата.

Ова 22-ро коло на Спортска прогноза ќе почне малку порано од вообичаениот термин и рокот за да се одигра Тринаесетката е до сабота, до 13.30 часот, со почетокот на првиот дуел од понудата со 13 натпревари.

Астон вила ќе му биде домаќин на Арсенал во тој термин, а потоа ќе имаме можност да го гледаме и Енис Барди со Леванте против Гранада од 14 часот.

Италијанското дерби меѓу Јувентус и Рома ја продолжува низата од 13 исклучително интересни натпревари што се на менито на оваа рунда на Спортска прогноза.

Се уште се чека мајсторот за типување што ќе ги погоди сите 13 натпревари во едно коло и ќе го добие прекрасниот „ајфон 11“ што го доделуваат Sport Life и Спорт Манија.

Ги наградуваме и утките, па со 12 погодени натпревари се добива ваучер од 1.000 денари што можете да го искористите на уплатните места на Sport Life.

Дури и со две промашувања, односно со 11 погодени парови се добива убава награда и ваучер од 500 денари.

Паралелно со секое коло расте неизвесноста и во битката за врвот во Генерален пласман. Моментно двајцата лидери имаат по 144 поени, а зад нив во Топ-50 разликата меѓу редовните учесници на Спортска прогноза е само 10 поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести