Шпанската фудбалска репрезентација ќе има посебен мотив за денешниот дуел против Франција. Самиот факт дека ова ќе биде борба за влез во финалето на Светско првенство е доволно да се даде максимумот, но Шпанците имаат уште еден мотив плус да останат непоразени.
Црвената фурија е во неверојатна низа од 37 натпревари без пораз. Од јуни 2023 година досега, Шпанија има 30 победи и седум нерешени со вкупна гол-разлика од 96 дадени и само 26 примени голови. Во овој период се бројат дуелите во квалификациите за ЕП, настапот на ЕП 2024, квалификациите за СП 2026, дуелите во Лигата на нациите, како и пријателските средби.
Со тоа што веќе има 37 натпревари без пораз, Шпанија го израмни апсолутниот светски рекорд на Италија, кога во периодот од 2018 до 2021 година имаше 37 дуели без пораз (30 победи и седум ремија). Доколку се случи Шпанија вечерва против Франција да остане непоразена во регуларните 90 минути игра, тоа ќе биде поставување и на светски рекорд по бројот на натпревари без пораз.
ℹ️ https://t.co/akEBJqi7Te#VamosEspaña | #CopaMundialFIFA pic.twitter.com/H38FN8U3Ro
— Selección Española Masculina de Fútbol (@SEFutbol) July 12, 2026

