Дуелот против Грција е само формалност, но ракометарките целат на „три од три“

Со победите над Ислад и Литванија, женската ракометна репрезентација на Македонија го обезбеди пласманот во баражот предвиден да се одржи во април, за Светското првенство кое кон крајот на годинава ќе се одржува во Шпанија.

Нашите ракометарки со максимален учинок по двата квалификациски натпревари целат на продолжување на победничката серија и комплетирање на циклусот со „три од три“ победи. Во улога на гости, Македонките денес во 17 часот за првпат ќе ги одмерат силите против селекцијата на Грција во третото коло, во кое настапот на нашиот национален тим ќе биде само формалност.

Македонија е прва на табелата во квалификациската група 2 со четири бода, Исланд и Литванија имаат по една победа, додека Грција претрпе два порази.

Во баражот за СП кој ќе се игра во април, можни противници на Македонија се Чешка, Унгарија, Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија и Шведска.

- Оглас -

Најнови вести