Дуелот со Летонија е шанса македонските одбојкари да освојат барем некој сет

Најдобрите македонски одбојкари вечерва од 19 часот во Даугавпилс, Летонија, против домашната селекција го играат својот трети натпревар во Златната европска лига.

Во првите две кола на турнирот во Братислава, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски губеа со по 0-3 во сетови, а Летонија има победа од 3-2 над Црна Гора и пораз 0-3 од Романија.

Според квотите во Sport Life, фаворит за победа е Летонија, но не може да се каже дека Македонија е апсолутен аутсајдер, реално е да освоиме барем еден, зошто да не и повеќе сетови.

Направена е една промена во составот, на местото на техничарот Ефтим Ричлиев шанса добива Давид Стојанов.

Мечевите во Златната европска лига се како подготовка за дуелите со Грција и Грузија од квалификациите за ЕП. Против Грција ќе играме и утре во Летонија.

- Оглас -

Најнови вести