Дугари: Ако не ја победиме оваа Белгија, не ни треба да играме на ЕП

Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари верува дека Галските петли без многу проблеми ќе ја победат Белгија во осминафиналето на ЕП.

„Оваа селекција на Белгија е слаба. Според мене тие не се ништо посебно. Секако дека како индивидуалци имаат силни фудбалери, но не гледам од што треба да се плашиме. Ако не можеме да ги победиме нив, нема што да играме повеќе на ЕП. Јасно ми е зошто белгиските фанови се разочарани. Нивната репрезентација нема брзина, нема агресија, едноставно нивната игра изгледа досадно“, вели Дугари, кој како член на француската репрезентација е научен на успеси.

Дугари во кариерата играше за Бордо, Милан, Барселона, Олимпик Марсеј, Бирмингем, а како дел од француската репрезентација во 55 меча постигна осум голови, а беше дел од златната генерација која се радуваше на светската титула на Мундијалот во 1998 година и на Европското првенство две години подоцна.

- Оглас -

Најнови вести