Дугари има порака за Мбапе: Нека гледа како се бори Халанд

Кристоф Дугари му порача на својот сонародник Килијан Мбапе дека треба повеќе да се бори на фудбалските терени ако сака да го реализира комплетно својот потенцијал, што би му овозможил да биде најдобар играч на светот.

„Килијан има огромен потенцијал и квалитет, но честопати како да му недостасува мотивација. Понекогаш треба да гледа како се бори и како игра Халанд, кој ќе му биде еден од конкурентите во иднина. Мбапе е одличен играч, но мора уште повеќе да се бори на теренот“, вели Дугари.

ПСЖ претрпе многу критики за начинот на којшто играше во Дортмунд, против Борусија во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите. Секако критики има и за Мбапе, кој беше асистент за голот на Нејмар во поразот од 1:2. Според критичарите, Килијан може многу подобро од тоа што го покажа на „Вестфален“, а во тој правец е и критката на француската фудбалска легенда Дугари.

- Оглас -

Најнови вести